Ветеринар на Зоолошката градина во Јагодина Владимир Јовановиќ, ги замоли граѓаните да не фрлаат петарди во близина на животни за време на новогодишните празници.
Како што изјави тој, животните може да доживеат срцев удар поради страв од детонациите, па дури и смрт.
“Детонациите на петардите и другите пиротехнички средства “може да ги преплашат” и озбилно да ги повредат животните но и да доведат до срцев удар и смрт” , објасни Јовановиќ. Тој додаде дека детонациите се опасни и за домашните и за дивите животни.