Веќе станa убава традиција: По шести пат празникот Богојавление Водици ќе се одбележи кај Плетварското езеро

И оваа година, по шести пат, на уникатен начин ќе се одбележи еден од поголемите христијански православни празници – Богојавление (Водици), со влегување во осветената вода на Плетварското Езеро кај Прилеп. Настанот се одржува во духот на православната вера, со желби за здравје, среќа и благослов во текот на целата година.

Годинешни кумови и домаќини на настанот се Никола Минчески и Стеван Димоски, кои продолжуваат по стапките на своите претходници. Тие ќе се погрижат за изградба на параклис на самото место, обезбедување топли напитоци за сите учесници и гости, како и соодветно место за пресоблекување на учесниците.

„Она што започна како едноставна идеја, денес прерасна во традиција со сè поголем број на учесници и сè поголем одзив. Голема благодарност до сите претходни и овогодишни домаќини кои несебично се вклучија во реализацијата на овој настан“, истакна еден од организаторите.

Организаторите упатуваат отворена покана до сите граѓани кои сакаат да бидат дел од овој прекрасен настан, во понеделник во 11:00 часот да присуствуваат на Плетварското Езеро.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.