Откако излегоа многу вести за неа, дека барала пари од осигурувањето и дека се забавувала, преку отворено писмо се огласи сопругата на Дарко Лазиќ.
„Фотографијата е направена пред некој ден. Сигурно ви изгледа како „нормална“, но секој кој ме познава знае колку труд требаше да го сокријам уморот и тагата, солзите и стресот по сите случувања. И покрај се ни ми одеше од рака. Нема филтер со кој може да се сокрие тагата бидејќи животот не е Инстаграм. Работам на тоа да ја вратам насмевката на лицето која можевте да ја видите пред некој ден, работат сите ги сакам и ме сакаат, кои сакаат да бидам среќна и насмеана бидејќи имам причина за тоа.
Направив се што беше во моја моќ. Прво беше „што таа бара во болница“, потоа беше „види, не доаѓа во болница, патува“. Одамна сфатив дека не може да му угодиме на светот и само јас и Бог знаеме како е. Знаете што? Во болница барав сила која сакав да му ја пренесам на мојот поранешен сопруг во неговата најлоша борба, барав енергија во себе за да му ја дадам и на него, бидејќи му е потребна на таткото на моето дете. Знам дека му значеше и дека му помогна да ги преброди најтешките моменти. Дали одам или не. Како што кажав пред некој ден на „Инстаграм стори“, тоа е моја приватна работа, а само еднаш успеа да ме фотографираат бидејќи тоа беше не само борба на Дарко туку и моја. Секој од нас пред една година тргна по свој пат и си води свој живот.
Секој си направи свој избор. Јас одбрав да бидам среќна и сакана бидејќи имам право на тоа. Среќата е избор. Секој заслужува да биде среќен. Моето дете заслужува да биде среќно, а не може да биде ако јас не му покажам како изгледа тоа. Јас немам право да бидам несреќна бидејќи имам дете кое зависи од мене дали ќе биде среќно или не, а јас ќе направам се секогаш да биде среќна и насмеана. Ве сакам и ви се заблагодарувам на сите убави работи,…од зборови до енергија“ напиша Ана на Инстагам.