ВЕЌЕ НЕМА СОМНЕЖ: Роналдо една година ќе го носи епитетот НАЈДОБАР ВО СВЕТОТ, а има и порака за Меси

Испишани се нови страници на фудбалската историја, бидеќи за прв пат престижната награда е доделена од страна на светската Куќа на фудбалот, незвисно од “Франс Фудбал”.
148263_krile_ff
На церемонијата која се одржа во Цирих, избран е најдобриот фудбалер во светот. Цела планета знаеше во чии раце ќе оди наградата, но сепак постоеше мал сомнеж кој сега е отстранет.

 

Кристијано Роналдо заслужено го доби признанието по освојувањето на Лигата на шампионите и Европското првенство.

-Драго ми е што го освоив пехарот. Многу сум среќен и благодарен сум на сите клубови и репрезентации. Ова е можеби и најдобра година во мојата кариера и само круна по освојувањето на сите трофеи. Моите соиграчи ми овозможија да дојдам до овој трофеј. Многу сум среќен поради овој фантастичен момент. Жал ми е што Меси не е со нас, тој заслужи да ја освои оваа награда, како и Гризман – рече најдобриот играч на планетата.

 

Ф.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.