На ден 14.05.2022 година во Струмица се одржа Интернационален натпревар во модерни танци ARTIST HUB.
На натпреварот учествуваа сите најдобри групи од Македонија и соседните држави.
Прилепскиот танцов клуб NEW GENERATION зеде учество со една формација во “Техно Денс”, како и 6 соло точки во “Хип Хоп” и “Стрит Денс”.
Во голема конкуренција девојките од Прилеп освоија три први места и тоа во формација “Техно Денс”, прво место освоја Исидора Петреска со прекрасната изведба ФМ 80 90, како и Деана Стојческа во иста категорија, но во “Стрит Денс”.
Во голема конкуренција на “Хип Хоп”, Ивана Богојевска го освои третото место, а Исидора исто така трето место во “Hip Hop Bottle”, a 5 место во “Хип Хоп”.