“Веќе нема безбедно место во Украина”

– Бев будна ноќта кога добив порака од колега за говорот на Владимир Путин кој најави инвазија.

– Потоа веднаш почнаа ekcплозиите. Можев да ги слушнам од мојот дом, а луѓето од различни делови на градот почнаа да испраќаат пораки до нашата WhatsApp група, за ekcплозии што се случуваат блиску до нив.

Тогаш сфативме дека и Киев е нападнат, а не линијата на фронтот на истокот на земјата, ова беше голем шok. Веќе нема безбедно место во Украина.

Најголемиот страв за обичните луѓе овде е можноста да снема струја и да не работи интернетот – тогаш навистина би биле изолирани. Друг страв е дека мостовите на реката Днепар ќе бидат бомbaрдиpaни, поделувајќи ја источната и западната половина на градот.

Го облеков мојот 10-годишен син. Појадувавме, седевме колку што можевме подалеку од прозорцитe. Зедовме свеќи и малку вода во нашата визба, која ќе ни биде прибежиште ако работите се влошат.

Надвор од супермаркетите во близина на мојот дом и на банкоматите има огромни редици. Многу луѓе останаа без пари. И некои бензински пумпи сега се затворени. Има паника, сега кога знаеме дека целата земја е нападната.

Патиштата надвор од градот се блокирани со сообраќај, тоа е опасно патување – седејќи во долги, бавни редици од сообраќај, лесно може да останете без гориво далеку од дома. Возовите работат, но има големи толпи луѓе кои се обидуваат да седнат. Украинскиот воздушен простор е затворен, откако беше објавена воена состојба од претседателот Зеленски…сведоштво на украинска новинарка за БиБиСи.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.