Веќе немаат место во витрините! Прилепските велосипедисти маестрални на “Трофеј Илинден 2024” (Фото галерија)

Прилепските велосипедисти од В.К. & Сервис “ИЛИНДЕН” продолжуваат да нижат успеси и да се искачуваат на пиедесталите.

И оваа година во Општина Илинден за сите љубители на велосипедизмот се одржа Велосипедската трка „Трофеј Илинден“ во организација на Општина Илинден, а во соработка со Велосипедската федерација на Република Македонија, во должина од 100 километри.

На велосипедската трка која е влезена во календарот на велосипедскитрки на Велосипедската федерација на Македонија и се бодува за купот на нашата земја земаа учество околу 70-тина професионални велосипедисти од цела држава во 6 категории: У-23, јуниори, жени, кадети, мастерс и елит.

Успесите за “ИЛИНДЕНЦИ” не изостанаа и на оваа трка, па така Андреј Маџоски беше прв во конкуренција на јуниори, а Константин Костоски освои прво место во кадети.

Третиот прилепчанец, Влатко Лозаноски, беше втор во мастерс. За потенцирање е тоа дека ова беше прва трка за него во роад.

Следната недела се возат Државните првенства во хронометар и друмско.

Среќно момци, нека се множат успесите и во иднина!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.