Веќе е загрижувачки: Иcчезна и од Фејсбук Миле Талески, го нема од 17. октомври

Неофицијално првиот човек на СДСМ Прилеп и единствен пратеник во Собранието од градот под Марковите Кули, пред неколку дена ја понудил својата оставка.

Талевски беше назначен за прв човек на ОО СДСМ Прилеп веднаш после локалните избори во 2017 година, беше претседател на Советот на општина Прилеп, а од минатата година е пратеник во Собранието на Република Македонија.

Како прв човек на СДСМ во Прилеп забележа три последователни порази, загуби на претседателските избори, загуби на парламентарните избори, и најактуелно со огромна разлика загуби на локалните избори на 17. октомври.

Веќе втора недела врие од критики на социјалните мрежи од неговите сопартијци, кои главно го посочуваат токму Талевски за главен виновник за поразот на локалните избори.

Исто толку време Талевски молчи, и иако беше доста активен и гласен на социјалните мрежи, сега буквално исчезна.

Талевски не најде ниту време да се заблагодари на поддржувачите и гласачите на СДСМ, што дополнително ја зоврија атмосферата во општинската организација.

Исто така тој не покажа политичка култура и не му честиташе на новоизбраниот градоначалник на општина Прилеп, Д-р Борче Јовчески од ВМРО-ДПМНЕ.

Сето ова дополнително го намалува неговиот рејтинг кај прилепчани, особено кај поддржувачите на СДСМ кои десетти ден по ред бараат одговори и одговорност.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.