ВЕЧНА МИСТЕРИЈА: Каде се погребуваат Кинезите во Србија?

Јавноста со години е заинтригирана како и каде се погребуваат Кинезите кои починале во Србија. Се раскажуваат најразлични митови, затоа што за 20 години откако почнале масовно да се населуваат во Србија, никој нема видено ниту еден погреб на Кизнези во Србија.

11_1000x0-1-620x330

Тоа прашање повторно стапи во интерес после случајот кога во исфрлен кинески куфер на брегот на Дунав, биле пронајдени остатоци на човечко тело.

Според податоците од српските институции привремен престој во Србија добиле 4.080 кинески државјани, дедека според неофицијални податоци, тој број е тројно поголем, бидејќи познато е дека кинеската заедница слабо соработува со полицијата.

Од 1996.година, кога започнало масовното доселување на Кинезите во Србија, според Јавното комунално претпријатие “Погребални услуги” од Белград, само еден кинески државјанин е погребан на традиционален начин, во јули 2009.година, со изложување на телото во ковчег.

Дека Кинезите во Србија тивко умираат и уште потивко се погребуваат, потврдуваат податоците на Републичкиот завод за статистика на Србија. Според нивната евиденција од 2005. до 2014.година на територијата на Србија починале 31 државјани од Кина.

Некои тој “мистериозен феномен на неумирање” на Кинезите го објаснуваат со тоа што во прашање е релативно млада популација, која доаѓа за корка леб. Од друга страна постојат и оние кои сметаат дека Кинезите ваквото значително мало прикажување на смртност го користат како трик за илегален влез на други кинески државјани. Смртта на починатите на ја пријавуваат, затоа што на местото на покојниот доаѓа друг Кинез и ја “пополнува дупката” на претходниот, а луѓето од “мафијата со гробови” откупуваат гробни места на црно, каде ги погребуваат мртвите, а притоа не ставаат никакви обележја, ниту надгробни плочи.

Будисти

Кинезите во најголем број се будисти, па кремирањето не им е единствениот начин за погребување, туку дозволен им е и погреб со исложување на телата во ковчег. Бидејќи цената за авионски превоз на ковчегот е висока, се определуваат за кремирање.

Енигма секаде во светот

И во останатите европски држави прашањата за погребите на Кинезите претставуваат енигма, затоа што, скоро секаде нема погреби на Кинези.

А.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.