Во среда, 24. септември, со почеток од 17 часот, во Градската библиотека “Борка Талески” во Прилеп, ќе се одржи манифестација “Вечер со руска и македонска поезија”, a по повод богата донација со руска литература, која доаѓа од Амбасадата на Руската федерација во Македонија.
На настанот свое обраќање ќе имаат градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески, како и Амбасадорот на Руската федерација во Македонија, Сергеј Александрович Баздникин.
Покрај читање на руска и македонска поезија, настанот ќе биде збогатен со историски осврт за Прилеп, музички точки, како и изложба на литература од руски автори од книжниот фонд на библиотеката и на донираната литература од руската амбасада, како и на фотографии од истакнати руски автори.