Вечер со родољубива поезија, утре во Градската библиотека “Борка Талески” во Прилеп

Утре, 09.10.2024 год. во големата сала на ЈОУ Градска библиотека “Борка Талески”, со почеток во 18.00, ќе се одржи поетски настан насловен како “Вечер со родољубива поезија”.

Настанот ќе започне со краток историски осврт од професорот Горјан Василевски, низ чии зборови ќе се присетиме на делото на хероите од Денот на народното востание – 11-ти Октомври.

Веднаш потоа ќе следува поетско читање од членовите на Клубот на литературни творци

Настанот ќе биде збогатен и со музички точки во интерпретација на ученици од ОМУ “Ордан Михајловски-Оцка” од Прилеп.

Низ програмата ќе ве води Филип Димкоски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.