Вечер нештата ќе бидат појасни во врска со Универзалната сала во Прилеп?

Денеска (08.05.2025), со почеток во 20:00 часот, во живо на поткастот “ВМРО-ДПМНЕ Зборува”, гостин ќе биде шефот на кабинет на министерот за спорт, Илија Ристески.

Поткастот ќе се емитува на Јутјуб каналот на ВМРО-ДПМНЕ и Фејсбук страната на партијата.

Ристески кој е прилепчанец, се очекува во разговорот да објасни до каде е процедурата за реконструкција и ставање во функција на Универзалната сала во Прилеп.

Спортските клубови, спортистите и спортските работници во градот под Марковите Кули, со нетрпение очекуваат да се реализира ова ветување на Министерството за спорт, и конечно да се врати во функција спортскиот храм.

Прилеп во моментов е град без спортска сала. Спортските клубови функционираат во школски сали, каде условите за работа и напредок се на ниско ниво.

Најспортскиот град во едно време очекува многу од новото министерство, а Ристески е можеби најповикан од своите сограѓани, да застане прв во таа борба за враќање на спортот во Прилеп на пиедесталот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.