Вечерва стартува фестивалското шоу во Прилеп: Еве која е програмата за првата фестивалска вечер

Со настапот на Елена Петреска, денеска во Прилеп, по две годишна пауза, започнува фестивалот на пивото, скарата и добрата музика „Пиво Фест 2022“.

Градот домаќин е веќе подготвен да ги пречека гостите, кои според најавите од хотелиерите и угостителите, ќе ги има, не само од земјава, туку и од регионот, а се очекуваат 100-ци илјади гости, за време на четирите фестивалски денови.

Штандовите се веќе подготвени да ги пречекаат првите гости денес. Ќе се точат над 30-тина видови пиво и ќе се дегустира вкусната прилепска, но и скара од регионот.

Учесниците кои ќе бидат дел од првата фестивалска вечер, веќе од утрово пристигнуваат во Прилеп. Фестивалот стартува во 18:00 часот. По настапот на Елена Петреска, настапуваат групата Балканика од 18:45, потоа следуваат настапите на Нино Величковски во 19:30 часот, Ален Хасановиќ 20:15 часот, Наум Петрески во 21:00 часот, групата Љубојна во 22:00 часот, ДНК во 23:00 часот и забавата од првата фестивалска вечер ќе кулминира со настапот на Џамбо Агушеви Оркестра, точно на полноќ.

Веднаш потоа забавата продолжува и на алтернативната сцена со DJ Mario Eddie. Водители на фестивалот ќе бидат Игор Џамбазов и Маријана Станојковска.

За посетителите, но и за прилепчани кои сакаат да ги користат своите автомобили, дел од булеварот „Гоце Делчев“ од крстосницата со ул. „Кузман Јосифоски“ до крстосница со ул. „Прилепски Бранители“ е затворен, а сообраќајот ќе се пренасочи кон околната улична мрежа. Обезбедени се и над 12.000 паркинг места.

Јавниот ред и мир , чистотата, хигиената на градот , водоснабдувањето, благодарение на работењето на ЈКП „Комуналец“ , ќе бидат на беспрекорно ниво.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.