За прв пат во Прилеп, вeчерва со почеток од 19.00 часот пред ЦК „Марко Цепенков“, ќе се одржи еден многу поинаков интерактивен концерт за деца насловен “Музичко другарување”.
Концертот е концепиран согласно протоколите за лична заштита. Интеракцијата е од самото место на седење и притоа нема физички контакт.
Концертот е создаден од професионални музичари кои ја будат фантазијата низ игра и музика. Едукативен е, опфаќа актеулни теми за чување на здравјето и Бон тон однесувањето, а притоа е и интерактивен. Сето тоа е сублимирано во време траење од 45 минути.Наменет е за деца од 2 до 10 години.
Задолжително носење на заштитна маска за време на настанот и почитување на ограничените места/столчиња за присутност! Организаторите ГРУПА ТРИАНГЛ и НУЦК “Марко Цепенков” ве очекуваат на едно поинакво другарување!
ОПШТИ податоци на детскиот проект:
Ефекти: Приближување и едуцирање на најмладата популација; Целна група: деца од 02 – 10 години; Времетраење на претставата: 45 мин; Локација на изведба: плато на НУЦК -надворешни услови; Идеен концепт, сценарио, режија: Десанка Глигоријевиќ
Солисти: Самовила – Симона Петровски (оперски пеач); Војниче Ане – Андреј Наунов (пијанист); Војниче Јане -Јане Дунимаглоски (оперски пеач, гитара, мандолина);
Техничка тонска поддршка: К&D Audio- Skopjе