Викендов доаѓа промената на времето од летен на зимски режим.
Вечерва по полноќ стрелките на часовникот ќе треба да ги поместат за 1 час назад.
Во 3 часот наутро, часовникот се враќа еден час назад и ќе биде 2 часот, што значи денот ќе трае 1 час повеќе.
Преминувањето на летно и зимско сметање на времето првпат е забележано во 1916 година, во земјите на северот на Европа, а досега е воведено во околу 70 земји, за да се заштеди енергијата со тоа што периодот на дневната светлина од раните утрински часови ќе се „премести“ навечер.
Со оглед дека ЕУ планира да го укине поместувањето од октомври 2021 година, ова е најверојатното претпоследно преминување од летен во зимски мод.