По богатата и луда прва вечер, втората фестивалска вечер на Пиво Фест ќе биде уште позабавна и поатрактивна.
Втората фестивалска вечер е пред нас. Гледајќи кои изведувачи ни престојат, се очекува вистинска кулминација на Пиво Фест во Прилеп.
Вечерашната забава ќе ја започнат гостите од Белград Самостални Референти.
Веднаш после нив настапува македонското девојче Каролина Гочева, а потоа следува балканскиот вечен шармер Хари Мата Хари.
Kулминацијата и вистинското лудило ќе ги приредат гостите од Грција, диџеј дуото Bang La Decks.
A.Г.