Вечерва со почеток од 18:30ч., во спортската сала на СОУ “Ристе Ристески-Ричко”, ракометарите на РК Прилеп го играат клучниот дуел за опстанок во најелитното ракометно друштво.
Во Прилеп гостува Куманово, екипа со која прилепчани одиграа нерешено во првиот дуел. Кумановчани го поминаа Прилеп на плеј-аут табелата, откако во минатото коло тие беа подобри од Еурофарм Пелистер 2, а Прилеп загуби на гостувањето кај Мулти Есенс.
Во моментов тие имаат 29 освоени бодови, а прилепчани се трети со 27. Токму затоа победата на овој дуел е императив за домаќините, особено ако се има предвид дека до крајот остануваат уште три натпревари, па покрај овој дуел, РК Прилеп ќе гостува кај незгодниот противник Вардар Неготино, а во последното коло ќе ја дочека и втората екипа на Еурофарм Пелистер.
Да ги поддржиме нашите ракометари во што поголем број!