Во попладневните часови денеска во северната половина како и северозападно од скопско веќе имаше нестабилност, проследена со локалнен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, јави метеорологот Славо Попоски.
Најголема нестабилност има во северозападните предели од државава.
Понатаму поради судирот на две воздушни маси и тоа топлата од југ и значително посвежата која се спушта од север, ќе услови значително дестабилизирање до крајот на денов и претстојната ноќ како и утре (понеделник).
Во најголем дел од државава ќе има поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер претежно од северозападен и северен правец.
Локално процесите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ проследено со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град.
За кратко време локално се очекува да наврне ЗНАЧИТЕЛНО количество на воден талог (над 20 л/м2), со што понатаму можни се и локални поплавувања.
Температурите на воздухот престојната ноќ ќе бидат во значително опаѓање и истите ќе опаднат дури и за околу, па и за повеќе од десетина степени, и тоа најмногу ќе се почувствува во северната половина од државава.
Утре (понеделник) врнежите ќе продолжат, а максимумот на температурите ќе се искачува во интервалот од 22 до 30 степени, додека во северната половина истите ќе се искачуваат некаде во интервалот од 18 до 25 степени.