За влакно е избегнат инцидент вечерва на Бихаќка каде што СДСМ заедно со коалиционите партнери ја потпишуваше коалицијата за настап на изборите. Како што брифираат за Press24 високи партиски извори, најголем проблем предизвикал Заев кога на потпишувањето на коалицијата го поканил Драгиша Милетиќ, човекот кој за членството на СДСМ е симбол за предавство.
За неговото учество во коалицијата како што информираат од СДСМ нема одлука ниту од централниот ниту од извршниот одбор на партијата.
Кратко потоа на социјалните мрежи се јавија бројни високи функционери на СДСМ кои не го криеја незадоволството и јавно се откажаа од Заев.
Поранешната потпретседателка Ана Павловска Данева на социјалните мрежи се огради од одлуката на Заев.
Остра реакција пристигна и од Горан Тодоровски Гзе, кој важи за еден од најистакнатите партиски кадри на СДСМ во скопски Центар.
Реагираше и Ивор Мицковски кој го обвини Заев дека е предавник на партијата.