Вечерва во “Само Вистина” ќе дебатираат пратеникот од Прилеп, Димитар Стевананџија и шарениот револуционер Павле Богоевски (ВИДЕО)

Вечерва со почеток од 18:45 часот во дебатната емисија “Само вистина” на “Канал 5” телевизија, ќе дебатираат пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп, Димитар Стевананџија и шарениот револуционер и припадник на владиното мнозинство, пратеникот Павле Богоевски.

Според најавата се очекува жестока дебата во која токму Богоевски ќе треба да ги даде најголемите одговори, ако се имаат во предвид неговите предизборни ветувања за младите и студентите во државата, но и изјавата кога рече дека “ќе се повлече од кампањата ако постои само еден доказ дека Заев заговара двојазичност”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.