Вечерва во Прилеп: Новинари, македонисти, патриоти …. сите заедно застанаа “За заедничка Македонија” (ВИДЕО/ФОТО)

Моќен Прилеп! Реки од народ секоја вечер го креваат гласот против предавниците на својот народ и прифаќањето на платформата од Тирана, со која ќе се редефинира државата и ќе се урне нејзината унитарност.

BeFunky Collage

Откако денес во Собранието на Република Македонија, пратеник на ДУИ и официјално целосно ја прочита содржината на албанската платформа, раководството на СДСМ веќе никако не може да сокрие што се прифатил Зоран Заев, само за да дојде до фотеља и власт.

dav

dav

Граѓаните веднаш реагираа и одново масовно излегоа на улиците, уште еднаш осудувајќи го обидот за продажба на државата.

dav

dav

dav

Веќе е јасно што и се готви на Македонија! Од ДУИ јасно посочија дека уставно ќе се дефинира албанскиот јазик за втор службен јазик во државата, дека ќе се изврши промена на знамето, химната и грбот на државата и дека Собранието ќе донесе Резолуција за осудување на наводниот геноцид врз албанското население во Македонија.

dav

dav

Илјадници прилепчани одново маршираа за унитарност и зачувување на државноста и посебноста на Македонија.

dav

dav

Пред граѓаните се обрати претставник од македонското патриотско здружение “Методија Патчев” од Охрид, професорката по македонски јазик во ООУ “Koчо Рацин”- Прилеп Jaсмина Димитриеска, претставникот од турската заедница Невзат Алиоски и спортскиот новинар Рубинчо Joваноски.

Протестите “За заедничка Македонија” во Прилеп продолжуваат и утре, со почеток од 19 часот, пред хотел “Липа”.

 

А.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.