На 4 август 2023/ петок/ од 20.00 часот на платото пред ЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи концерт Вечер на унгарски танци, што Центарот го реалиизира во соработка со Здружението на Унгарците Теледом и Амбасадата на Унгарија.
На концертот ќе настапат Оркестарот Јухас и Дунав Танода Народен оркестар и фолклорно друштво – Баја (Унгарија)
Податоци за изведувачите:
Оркестар Јухас – Суботица (Војводина)
Формиран е во 2000 година во Суботица. Членовите на оркестарот ги споила радостта на заедничкото музицирање и љубов кон народната музика. Со текот на години станал еден од најистакнатите оркестри на народен мелос во Војводина но и на сите територии со унгарско говорно подрачје. Добитници се на бројни награди и признанија како во Војводина, така и во Унгарија, но и во голем број на европски држави. Годишно одржуваат повеќе од 100 настапи со самостојни концерти или во придружба со фолклорни ансамбли. До сега имаат издадено 8 самостојни плочи. Карактеристиките на нивните начини на изразување се енергичниот звук, продорно, полно со живот пеење и податливо служење на публиката и на играорците.
Дунав Танода Народен оркестар и фолклорно друштво – Баја (Унгарија)
Дунав Танода народен оркестар и фолклорно друштво е формирано 2019 година во градот Баја со намера да ги подучува младите за автентична, звучна вокална унгарска народна музика и народни танци, тие да ги пренесуваат пред голема публика и да ги популаризираат. Денес веќе се грижи за подучување на повеќе од 500 деца и возрасни и со нивните уметнички групи и солисти се појавуваат на на многубројни концерти и постигнуваат врвни резултати. Учесници се на голем број на натпревари, фестивали, и смотри, дома и во странство представувајќи го унгарскиот народ и нивната заедница, градот.