Ако сте љубители на тестенини, ви предложуваме да го подготвите овој едноставен рецепт за макарони со модар патлиџан и домати.
Состојките се лесно достапни и ефтини, а рецептот е превкусен.
Состојки:
400 гр. макарони
1 модар патлиџан
Две чешниња лук
Конзерва домати
Оригано
Сол, бибер
Маслиново масло
Пармезан
Начин на подготовка:
Измијте го модриот патлиџан и исечето го на коцки, не мора да го лупите. На маслиново масло испржете ги коцките модар патлиџан и сецканиот лук.
Сварете ги макароните во зовриена и солена вода.
На зеленчукот додајте го доматите од конзерва, зачинете со оригано, сол, бибер и крцкајте додека доматот да стане мек.
Измешајте и сервирајте додека е топло и наросете со пармезан.