Бајерн Минхен во дербито на Бундес лигата викендов загуби од Борусија Дортмунд со 3:2.
Ветеранот на “баварците” Франк Рибери, после поразот од Дортмунд му удрил шамар на новинарот Патрик Гију, пренесува “Билд”.
Kaко што пишува весникот, некогашниот француски репрезентативец бил лут затоа што неговиот сонародник, новинарот Гију го обвинил дека токму тој бил крив за два од трите погодоци.
Дека се случил инцидент потврдил и спортскиот директор на Бајерн, Хасан Салихамиџиќ, и посочил дека Рибери и Гију, кои се познаваат долго време, ќе разговараат и ситуацијата ќе се реши во заеднички интерес.