Катриона Вајт почина од прекумерена конзумација на дрога во септември 2015 година. Познатиот холивудски глумец Џим Кери, на последното рочиште е осомничен дека токму тој ја снабдувал со опијати.
Според последните наводи, познатиот глумец ја снабдувал девојката со таблети. Од документите до кои дојде “Mirror Celebs”, се дознава дека на амбалажата на пронајдените таблети било напишано “Артур Вајт” што е псевдоним под кој е познат Џим Кери.
Во согласност со тоа, светски обожуваниот комичар, се оптужува дека својата бивша девојка ја снабдувал со таблети 4 дена пред нејзината смрт.