Успешните економски реформи на Владата предводена од СДСМ ја вратија довербата во нашата економија и позитивно влијаеа на создавање поволна клима за инвестирање што резултира со рекордни странски инвестиции во земјава – велат во соопштението од СДСМ.
Соопштението го пренесуваме во целост:
“Според соопштениете информации од пресметките на Владата, бројот и вредноста на странските инвеситции за последниот квартал од минатата година, како вкупно за целата 2018 година, се највисоки од независноста до сега.
Странските инвестиции во земјава минатата година обезбедиле нови 4.500 добро платени работни места, со што директно влијаат на намалување на невработеноста, го јакнат бруто домашниот производ, се зголемува извозот, платите растат а со тоа се подобрува и животниот стандард на граѓаните.
За само 20 месеци во Технолошко индустриските развојни зони во државата инвестирале 17 странски компании. Дополнително, по ратификацијата на Договорот од Преспа во грчкиот парламент, нови шест компании донеле одлука да инвестираат во нашата земја, а најавени се 120 милиони евра инвестиција и од германска но и од компании од други држави надвор од Европа.
Решвањето на спорот со Грција, успешните евроинтеграциски процеси и најавеното членство во НАТО обезбедија стабилност и поволна клима за инвестирање.
Без да се потроши ниту еден денар на промоции и реклами, преку посветено и одговорно работење, Владата предводена од СДСМ од уназадена економија, успеа да создаде конкурентно стопанство атрактивно за странските и домашните инвеститори”, велат од СДСМ.