Продолжуваат средбите и разговорите меѓу СДСМ и ДУИ за формирање Влада на ниво на генерални секретари.
Од СДСМ се огласија со соопштение дека во моментов се преговара, за како што велат, поставување чесни кадри на функција, без да се спомене дали станува збор и за „премиер Албанец“.
Двете партии се обврзаа да предложат соодветни, подготвени, чесни и способни кадри кои ќе ја реализираат програмата во целост за време на полн четиригодишен мандат.
Партиските органи, партиските секретари и портпароли веднаш ќе ја известат јавноста за сите нови моменти во преговорите и ги замолуваат јавноста и медиумите да не ги земаат предвид шпекулациите.
Учесниците во преговорите се свесни и во целост ја разбираат итноста и потребата за постизборна консолидација на институциите и очекуваат дека во следните денови ќе биде постигнат конечен договор – се наведува во соопштението на СДСМ.