Синоќа милионска кpaжба во Скопје
На 04.07.2020, во 22:10 часот, Ш. И. пријавил дека на ул. “Демир Трајко” од страна на непознат сторител насилно била отворена балконската врата од куќата.
На лице место УПС, констатирале дека во времето од 19:30 до 21:45 часот непознат сторител насилно отворил ПВЦ балконска врата од куќата, извршено било претурање и од спалната соба на вториот кат од куќата одземени биле 800.000 евра, 60.000 американски долари, 50.000 франци и 1.000.000 денари, за кои пријавителот посочува дека му се стекнати преку денационализација и му биле сместени во три хартиени кеси.
Полициjaта работи на откривање на сторителот.