Претседателот на државата, Стево Пендаровски во емисијата „Recite Al Jazeeri“ која премиерно ќе се емитува во понеделник вели дека му пречи „северна“ во името Македонија.
На прашањето од новинарката: “Ви пречи ли она „северна“ во името на државата?”
“Ми пречи. Ми пречи како и претпоставувам на сите Македонци, на сите граѓани во земјава. И ден денеска не можам да се навикнам. Можеби со тек на време, ќе биде”, одговори Пендаровски.