Верно ли Ви е: “Македонија без кал”- Сугарески со нов проект?

До крајот на овој месец ќе се распише тендер за новиот инфраструктурен проект на Владата, “Македонија без кал”, најави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

– Станува збор за 15 до 20 општини, согласно оние најспремни проекти коишто се, а потоа за месец до два ќе се распишува и вториот и третиот тендер. Значи сите активности очекуваме да почнат од следниот месец, со распишување на првите тендери се со цел да по завршувањето на нив да отпочне со изградба на улици и патишта, рече Сугарески.

На прашањето за изградбата на брана на река Отиња, Сугарески истакна дека не сака никој да му ги вади изјавите од контекст, бидејќи никаде во последната изјава дадена во штипскиот регион не спомнал ревизија на проектот. Според него, станува збор за проект на Општина Штип, за кој пред да се достави барањето за добивање на градежната дозвола, треба да се комплетира и оваа документација.

– Моите очекувања се штом целосно биде доставена документацијата од општината, ќе биде разгледана дали е се во ред и потоа да се издаде одобрение за градба, а во Министерството за транспорт и врски се предвидени средства за изградба на браната на река Отиња. Не сакам да бидам ваден од контекст никаде, изјави Сугарески




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.