Православните верници на 30 јули го одбележуваат празникот на света великомаченичка Марина, во народот познат како Огнена Марија, која се почитува како борец за христијанската вера и заштитничка на жените.
Според народното верување, Света Марина пали и казнува со оган и како и Свети Илија кој казнува со гром, спаѓа во огнени светци. Тоа може да значи дека грмежите на овој свет ден се лош знак и дека пред нас е тешка година, а постарите велат дека ваквите ситуации укажуваат на болест и сиромаштија.
Обичај е да на овој празник, кога поради големата жештина гори и небото и земјата, ништо да не се работи.
Во преданијата има примери за оган и громови кои во врелите празнични денови го палеле житото, сеното и домовите на луѓето кои работеле на овој празник.