Народот во претходните 2 дена бурно и изреволтирано реагираше на овој немил настан барајќи одговорност од надлежните и секако оставка.
Откако денеска оставка си поднесоа заменик мнинистерот за здравство Илир Хасани, директорот на Клиничката болница во Тетово, Фљорин Бесими и економскиот директор Артан Етеми по пожарот во ковид центарот во кој загинаа 14 лица, официјално и министерот за здравсто, Венко Филипче на денешната вонредна закажана прес конференција во 19:00 часот ја извести јавноста дека си поднесува оставка.
Почитувани како лекар и министер имам интегритет затоа денеска од морални причини понудив пишана оставка до премиерот Зоран Заев.