Секретаријатот на Венецијанската комисија, што се наоѓа во Стразбур, потврди дека е добиен Законот за употребата на јазиците, но не сакаат да коментираат пред да тој биде разгледан од неговите експерти, односно пред изработката на мислењето.
Од Советот на Европа, исто така, не сакаа да коментираат ниту за тоа дека „Венециската комисија испратила писмо до Кабинетот за вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи, и до премиерот Зоран Заев во кое се наведува дека не е дозволен владин притисок од каков било вид врз национален претставник на телото,“ како што тврди професорката Татјана Каракамишева, која е член на Комисијата од Република Македонија.
Националните експерти во Венецијанската комисија, се поткрепувани од правници на Советот на Европа и секретаријатот на Венецијанската комисија при анализирање на законските или уставни текстови, кои им се дават на разгледување, по што таа дава мислење.