Граѓаните кои го користат велосипедот како превозно средство, како и здруженијата на граѓани и граѓански иницијативи, постојано во изминатите години апелираат до надлежните во Прилеп да преземат мерки за подобрување на вело сообраќајот во градот.
Една од ретките, а воедно и најдолга велосипедска патека се наоѓа на потегот од кружниот тек кај “Солидност” до излезот на градот кај “Лук оил”.
Ако за сообраќајната култура можеме само да апелираме за да не се паркираат возила на велосипедската патека, контејнерите и хаварисаните возила се обврска на надлежните, па со еден поглед на видеото во продолжение ќе забележите што треба веднаш да се направи.