ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “Твоја Македонија”, вечерва со завршен митинг во Прилеп ја завршуваат кампањата за вториот круг претседателски избори и за парламентарните избори.
На плоштадот “Методија Андонов – Ченто”, се собрани илјадници граѓани, кои најавуваат дека партијата и на овие избори ќе забележи голема победа во градот под Марковите Кули.
Пред граѓаните свое обраќање ќе имаат кандидатите за пратеници, носителот на изборната единица 4, Александар Николоски и лидерот на партијата, Христијан Мицкоски.