И овој Велигден, хуманитарците при црковната општина „Свето Благовештение“, а со благослов на надлежниот архиереј, господин Петар, доделија помош до социјално загрозени семејства низ градот Прилеп. Доделени се точно 90 пакети со храна и хигиенски средства, како и парични средства за тешко болни лица и самохрани родители. Вкупната сума која беше доделена овој Велигден изнесува околу (во пакети и пари) 180.000 денари. Воедно, им благодариме на сите хумани луѓе, кои дадоа свој скромен прилог во кутиите за донации за сиромашните семејства, кои беа поставени низ прилепските цркви, како и до сите фирми и стопанственици, кои ја потпомогнаа оваа Велигденска хуманитарна акција.