Велески го знае рецептот за Кузманоски во Бутел

Во рамките од 8-то коло во ракометната Супер лига, РК Прилеп гостува кај Бутел во Скопје. Бутелчани се на делба на третото место со Пролет, и досега имаат 4 победи и 3 порази, за разлика од прилепчани, кои досега забележаа два триумфи, еден нерешен резултат и 4 порази.

За да останат во игра за плеј-оф разигрувањето, бодовите се императив за прилепчани во утрешниот дуел, за кој капитенот Велески за “24 ракомет” вели дека треба да се одигра на високо ниво и без грешки.

Велески вели дека атмосферата во клубот е одлична и ги имаат на располагање сите играчи.

За потсетување, тренер на екипата на Бутел е уште еден прилепчанец, екс репрезентативецот Горан Кузманоски – Таста.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.