Во центарот на Прилеп, позади зграда “Македонија”, се наоѓа едно од најурбаните места во градот. Secret Cafè е шармантно место за дружење и релаксација кое пружа одличен конфор и за бистрење глава и средување мисли после напорниот ден на работа.
Ова не е само уште едно место во низата кафулиња во нашиот град, туку едно префинето катче каде е вложен голем труд и љубов, а со цел да им се понуди на прилепчани, особено на младите, она што го сакаат.
Местото го краси прекрасен ентериер сместен во широк простор, кој зрачи со прекрасна енергија и топлина. Ова е вашиот вистински партнер за секој период од денот, за почеток на утрото со квалитетно кафе, уживање во свеж пијалок попладне и дружба и разладување со ладно пиво навечер.
Имаат одлична услуга и уште подобри шанкери, па за целото време кое го поминувате тука сте во сигурни раце.
Посетете ги и уверете се! Secret Cafè ве очекува!