Ако ги мислите Норвежаните за воздржани и прекумерно воспитани луѓе кои со секој збор внимаваат да не навредат некого, чекајте да го слушнете ова друштво на ајкули.
Само еден момент да пренесеме, кога го тролаат интервјуто на Васил дека бил девастиран по откажувањето на минатиот Евросонг, па мислел која ли песна да ја изведе догодина, па седнал на клавир, па му дошла песната, па со солзи во очите си рекол:
„Таа е таа“. „Не, не е таа, Василе“, му спушта ликов.
ВКЛУЧЕТЕ „CAPTIONS“ на Јутуб за англиски превод.
Извор: OFFNET