Ракометарите на Вардар се победници во Лигата на шампиони и во три години по втор пат ја освојуваат шампионската титула.
Крајниот резутат на денешниот дуел со моќниот унгарски шампион Веспрем е 27:24 (16:11 на полувремето) за црвено-црните.
Од првата буквално минута вардарци го контролираа водството и тоа траеше до самиот крај.
Иако Веспрем во второто полувреме се доближи во неколку наврати на минус еден гол, сепак кога требаше најмногу ракометарите на Вардар одново покажаа карактер и успеаа да стигнат до титулата.
Слави МАКЕДОНИЈО имаш зошто! Вардар е македонски непокор! Вардар е гордост македонска!