Вардар како на шала против “моќниот” Ларвик

zrk-vardar-1

Женската екипа на Вардар го прегази норвешки Ларвик. Мечот кој се очекуваше да биди доста неизвесен и напорен, девојките на Вардар го претворија буквално во шала. Ги надиграја Норвежанките на сите делови од теренот и со резултат од 34 – 20 го торпедира Ларвик пред реваншот во Норвешка.

Удел во оваа огромна победа имаја сите девојки на Вардар, сепак Амандин Лено беше перфектна на голот со неверојатни 20 одбрани.

Вардар со оваа победа е сигурен патник во фајнл фор турнирот во Будимпешта, а покажа дека годинава овој тим има потенцијал и за финале.

A.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.