Европскиот, регионален и македонски шампион Вардар, го назначи третиот Шпанец кој ќе седне на клупата.
После Раул Гонзалез и Роберто Парондо, уште еден Шпанец ќе се обиде да ја крене шампионската титула во Лигата на шампиони идната година.
Се работи за Давид Писонеро кој во Вардар доаѓа од клупата на Ваљадолид, тим кој заврши на седмата позиција во Шпанската АСОБАЛ лига.
Писонеро потпишал двегодишен договор со црвено-црните.