
Ракометарките на Вардар го совладаа Ростов Дон со 25:19 за ново финале во Лигата на шампиони и нов дуел со Ѓер.
Вардарки доминираа за време на целиот дуел и имаа постојано водство од 3,4,5.. а на крајот и 6 погодоци.
Иако направија многу грешки, Вардарки знаеа како да одиграат во клучните моменти од натпреварот.
Голема заслуга за оваа победа имаат сите ракометарки, но и одличната на голот Амандин Лено, која имаше 15 интервенции.
Пенезиќ и Лекиќ постигнаа по 7 погодоци, а одлична беше и Јованка Радичевиќ со постигнати 4 погодоци. Барбара Лазовиќ постигна 3, а Лакрабер 2 погодоци.
Македонските хероини утре ќе имаат реприза и шанса да му се одмаздат на Ѓер за ланскиот пораз на продолженија.