Со 5000 дози на располагање, денеска во скопскиот Центар за јавно здравје почнува вакцинацијата против сезонски грип.
И годинава државата набави околу 27.000 вакцини од холандски производител кој штити од три типа на вирусот. Иако пикот се очекува во јануари и февруари, во институтот за јавно здравје веќе регистрирале педесетина заболени со симптоми на грип.
TВ Нова за деталите на оваа тема, зборуваше со епидемиологот Лилјана Лазаревска.
„Се препорачува вакцина на сите пациенти што се над 65 годишна возраст, лица кои имаат хронични заболувања независно од возраста, лица кои имаат контакти со други лица, здравствени работници, лица кои пружаат нега на деца помали од 6 месеци, затоа што вакцината може да се даде на деца над 6 годишна возраст. Вакцината е пуштена во промет од страна на Агенцијата за лекови, со години веќе правиме вакцинација против грип“, истакна Лазаревска.
Целиот разговор, во прилог.