Манчестер Јунајтед конечно стигна до победа и тоа висока. На гостински терен “црвените ѓаволи” сега предводени од поранешната ѕвезда на клубот, Оле Гунар Солскјер, го поразија Кардиф со 1:5.
Победата на Јунајтед му ја донесоа Рашфорд, Ерера, Марсијал и Лингард со два погодоци, а за истакнување е бомбата на Андер Ерера во 29-та минута од натпреварот за 0:2.
Шпанецот го постигна можеби погодокот на својата кариера, кога од огромна далечина испрати удар што ја “скина” мрежата на Кардиф.
Погледнете: