Барселона со цел плен си замина од Битола, откако го совлада Пелистер со 30-34 во меч од петтото коло во Лигата на шампиони. Актуелниот македонски првак добро парираше до пред 20 минута кога противникот минималната негатива ја претвори во водство од пет гола.
Она што остави најголем впечаток на целиот натпревар беше лудиот цепелин кој го искомбинираа Филип Кузмановски и Дејан Манасков, момент кој публиката ја стави во делириум.
Манасков игра одново во врвна форма, па не е случајно што ракометните вљубеници бараат негово враќање во репрезентацијата на Македонија.