Четири вооружани криминалци за пола минута ограбија филијала на банка во аргентинскиот град Тигре, кој се наоѓа на 30 километри од Буенос Ајрес.
Како што соопши телевизијата “Todo noticias”, криминалците со себе понеле 750.000 пезоси, односно 47.000 долари.
На видеото од безбедносните камери се гледа како двајца вооружени мажи излегуваат од автомобилот и со чекан ја кршат стаклената врата на банката.
Ф.Г.