Ваква спортска атмосфера му треба на Прилеп! Градот моли за спортска сала! (ВИДЕО)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер синоќа го загубија и вториот натпревар од групната фаза во Лигата на шампиони. Во Битола гостуваше Фуксе Берлин кој на крајот забележа убедлива победа од 22-30.

Но, она што одново остави впечаток беше пеколната атмосфера во спортската сала “Боро Чурлевски”, каде навивачката група “Чкембари” приреди спектакл.

Прилепчани кои се чести гости на натпреварите, со носталгија гледаат на сето ова и се надеваат дека во блиска иднина ќе се вратат старите добри времиња во Универзалната сала.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.