Ваква рајска убавина има само во Македонија: Професионални фотографии од манастирите во Прилеп кои одземаат здив (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Манастирските комплекси “Света Богородица” – Трескавец и “Свето Преображение” кај село Зрзе во околината на Прилеп се рајска убавина која одзема здив.

Секоја посета во овие свети храмови е посебна, секој изминат миг таму е духовен мир, секој збор е малку…

Фотографиите во продолжение се дело на Зоран Карапанчев, професионален фотограф чии фотографии од македонските манастири и цркви се како живи приказни кои чиниш ќе прозборат.

Манастир Св. Преображение кај село Зрзе

Манастир Св. Богородица Трескавец

Карапанчев со фотографија се занимава од средношколските денови, член е на неколку фото-клубови и администратор на неколку фотографски Фејсбук страни. Тој се занимава и со дигитална апстрактна уметност, а дел од неговото творештво е една изложба во Торонто.

Тој е роден 1957 година во Скопје. Во родниот град завршува Електротехнички факултет и работи како eлектроинжинер во “Електротехника” и “Метропол”.

Од најраните средношколски години, па до доселувањето во Канада во 1988 година, соработува како хонорарен новинар со бројни весници и магазини во Македонија и тогашната Југославија, а во 1983 година работи и како професионален новинар во Радио Телевизија Скопје кога добива национална награда за неговата програмска продукција.
Во слободното време бил член на повеќе клубови и секции во Скопје кои беа во состав на “Младинскиот Дом” и “Народна Техника”, а беше и хорист во градскиот хор “Кочо Рацин”.

Денес живее и работи во Торонто и раководи со својот бизнис “ABC Production and Publishing”. Во овој град станува член на црковната заедница при македонската православна црква “Св.Климент Охридски” каде што се зачленува во литературното друштво “Браќа Миладиновци”. За ова друштво технички го подготвува списанието “Литературна Мисла” и станува нивен потпретседател. За сето време од својоето живеење во Торонто има активна соработка со сите македонски медиуми во овој град, а особено со македонската телевизиска програма “Македонски Корени”, македонскиот весник “Македонија” и македонската радио програма “Обединета Македонија”.

За својата повеќегодишна работа Зоран Карапанчев добива повеќе награди и признанија меѓу кои се и Прва награда на традиционалниот Југословенски натпревар на радио станици “Недела на радиото” во Охрид 1983 година, “Благодарница за особен придонес во развојот на печатот за деца во Македонија”, Интернационалната награда за “Креативност во видео продукција WЕVА”, како и “Сертификат за долгогодишна истакната и посветена работа” од македонската телевизијска програма “Македонски Корени” во Торонто.

Повеќе фотографии од овој автор можете да погледнете ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.