Ова е спортската сала во средното училиште “Беверли Хилс”, најголемото училиште во Беверли Хилс, Калифорнија.
Спортскиот центар е составен од затворен базен кој во зависност од потребите се покрива со автоматски под, па просторот во овој објект се користи за најразлично спортување.
Изгледа совршено и корисно, а она што е интересно е што уникатниот под е дизајниран и конструиран во далечната 1939 година и сеуште е во целосна употреба. Истиот овој под се користел во снимањето на една од сцените за носталгичното филмско достигнување “Прекрасен живот” во 1946 година.
Нешто “слично” вакво вети и градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, кој во предизборната кампања вети затворен базен со простор за спортување, или како што рече тогаш: “Градиме спортско-рекреативен центар со затворен базен во сала”.
Денеска, една година после стапувањето на функцијата на Јованоски, проектот не е ниту нацртан.
Можеби Прилеп е светлосни години далеку од тоа да има спортски центар како овој во Беверли Хилс, но среќа тука е интернетот, па барем според онаа народната “ќе лижеме шеќер преку џам”.